• недела, 22 декември 2024

Претседателот на Азербејџан, Алиев закажа вонредни парламентарни избори на 1 септември

Претседателот на Азербејџан, Алиев закажа вонредни парламентарни избори на 1 септември

Баку, 28 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев закажа вонредни парламентарни избори на 1 септември, соопштија денеска од главниот град Баку, иако не се очекува изборите значително да го променат составот на Парламентот.

Алиев, кој е на власт од 2003 година, победи на предвремените претседателски избори во февруари 2024 година, а неговата Нова Азербејџанска партија, која моментално има 69 од 125 места во сегашниот парламент, се очекува да го освои мнозинството во новиот парламентарен состав.

Опозициските пратеници во Парламентот му се лојални на Алиев, но некои вонпарламентарни политички противници тврдат дека се соочиле со прогон, наведувајќи дека пред претседателските избори одржани во февруари годинава, на кои Алиев победи со повеќе од 92 отсто од гласовите, уапсени биле независни новинари и политички активисти. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан