• петок, 22 ноември 2024

Хутите се согасиле на привремено примирје за спасувачките бродови да му помогнат на запалениот танкер „Сунион“

Хутите се согасиле на привремено примирје за спасувачките бродови да му помогнат на запалениот танкер „Сунион“

Техеран, 29 август 2024 (МИА) - Јеменските бунтовници Хути, кои тесно соработуваат со Иран, се согласија на привремен прекин на огнот за да им се овозможи на спасувачките бродови да стигнат до оштетениот танкер за сурова нафта „Сунион“ под грчко знаме во Црвеното Море.

Бунтовничката група соопшти дека Хутите само одобруваат спасување на бродот.

„Неколку земји побараа од Ансарулах (Хути) привремено примирје за да им се дозволи на извлекувачите и на спасувачките бродови да влезат во областа на инцидентот“, соопшти иранската мисија.

„Неуспехот да се обезбеди помош и да се спречи излевањето на нафта во Црвеното Море произлегува од негрижата на одредени земји, а не од загриженоста за можноста да бидат цел“, додаде иранската мисија.

- „Сунион“ минатата недела беше цел на неколку проектили во близина на јеменскиот пристанишен град Ходеида, а по пожарот се чини дека од танкерот истекува нафта, изјави во вторникот портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Според него, трета страна се обидела да испрати два извлекувачи за да помогнат во спасувањето на „Сунион“, но Хутите се заканиле дека ќе ги нападнат.

Хутите претходно ја презедоа одговорноста за нападот на „Сунион“, а групата цели на бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив од ноември минатата година, во знак на солидарност со Палестинците кои се соочуваат со израелските напади во Појасот Газа. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан