• вторник, 02 јули 2024

Хуманитарна акција по повод „Неделата на борбата против гладот во Делчево“

Хуманитарна акција по повод „Неделата на борбата  против гладот во Делчево“

Делчево, 16 октомври 2023 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст Делчево реализираше хуманитарна собирна акција по повод одбележувањето на „Неделата на борба против гладот“. За таа цел,  волонтери на поставени штандови на неколку локации во градот собираа парични средтства кои ќе бидат наменети са лица од социјален ризик. 

-Донациите можат да се уплатат  и на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ.  Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливи целни групи на население во заедниците во државата, истакнаа од Црвениот Крст Делчево.

Во акцијата се приклучија граѓани кои велат дека ваквите активности се добар пример како може да се помогне на оние кои се во лоша финансиска состојба.

-Секоја чест за младите кои дел од своето време го посветуваат да бидат дел од овие акции со што ќе помогнат некому. Сепак, би апелирала вакви акции во иднина да се спроведат пред институциите чии вработени неодамна добија повисоки плати, иако сигурна сум дека обичниот граѓанин помага многу повеќе, вели жителка на Делчево која донираше на еден од поставените штандови.

Ваквите активности, како што додадоа од Црвен Крст, ќе бидат организирани и во наредниот период.вс/љм

Фото: МИА

Остани поврзан