• сабота, 21 декември 2024

Хоџа за весникот „Илинден“: Мој приоритет е подобрување на положбата на горанската заедница

Хоџа за весникот „Илинден“: Мој приоритет е подобрување на положбата на горанската заедница
Тирана, 4 март 2021 (МИА) - Старо-новиот пратеник во косовскиот Парламент од редовите на Единствената горанска партија, Адем Хоџа, во изјава за македонскиот весник „Илинден“ од Тирана искажува голема благодарност до граѓаните за дадената подршка, кои, како што наведува, доследно ќе ги застапува. - Ја користам оваа можност да им се заблагодарам на сите граѓани кои ни ја дадоа својата доверба, во име на политичкиот субјект, како и во мое лично име. Претставувањето на Горанците е голема чест и одговорност. И покрај сите тешкотии и недоволна застапеност во институциите, како и со тотална дискриминација при вработувањето, Горанците продолжуваат да даваат голем придонес во мултиетничкото општество, вели Хоџа, кој воедно е и лидер на партијата. Тој додава деканегов главен приоритет, во име на сите, е подобрување на положбата на горанската заедница. - Чест ми е што ќе ги претставувам моите Горанци во косовскиот Парламент, но во исто време е голема обврска која ќе се трудам максимално доследно да ја вршам. Секако главна моја задача во име на сите е подобрување на положбата на горанската заедница, зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово, изјавува Хоџа. Тој посочува дека како претседател на Еднствената горанска партија и како пратеник што ја претставува горанската заедница, искрено ќе се залага за политичките, економските и културните права на Горанците. - Горанците никогаш нема да се сметаат себе си за политички декор, напротив, ние сме неизбежен фактор во реалното градење на институциите и општествениот живот во кој сите заедници треба да се третираат еднакво и без дискриминација. Со цел да се подобри положбата на Горанците, нашата партија сите други горнаски политички субјкети ги смета за свои партнери. Со победата на Единствената горанска партија, сите победивме, нагласува Хоџа. Тој оценува дека овие избори биле исторски за партијата. - Навистина за нас овие избори се историски. Тоа поради фактот што нашата листа доби голема поддршка не само во областа Гора, туку на целата територија на Косово. Тоа ни влева надеж да продолжиме со нашите залагања за унапредување на правата, но и подобрување на условите за живот во селата на Гора за да се стопира миграцијата на младите, изјавил Хоџа за весникот „Илинден“. Хоџа е дел од десетте загарантирани пратенички места за немнозинските заедници во Косово. Тој беше пратеник и во претходниот состав на косовскиот Парламент, со чие залагање се реализирани повеќе инфраструктурни проекти. По занимање е дипломиран инженер. вт/сп/

Остани поврзан