• четврток, 25 јули 2024

Хохштајн: Примирјето во Газа нема нужно да влијае на судирите долж границата со Либан

Хохштајн: Примирјето во Газа нема нужно да влијае на судирите долж границата со Либан

Бејрут, 4 март 2024 (МИА) - Американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток Амос Хохштајн изјави денеска во Бејрут дека прекинот на огнот во Појасот Газа нема нужно да доведе до автоматски прекин на непријателствата долж границата меѓу Израел и Либан.

Сепак, тој изрази надеж дека е можно дипломатско решение на израелско-либанскиот граничен конфликт.

Хохштајн, кој е во посета на Бејрут како дел од дипломатските напори за ставање крај на четиримесечната размена на оган меѓу Хезболах и израелските сили што се одвива паралелно со војната во Појасот Газа, предупреди на ризиците од ескалација на конфликтот.

„Ескалацијата на насилството не е во ничиј интерес и ограничената војна не е одржлива опција“, изјави Хохштајн за новинарите по состанокот со претседателот на либанскиот парламент Набих Бери, кој е близок до Хезболах.

Хохштајн предупреди дека судирите на израелско-либанската граница се интензивираат во последните недели. Хезболах најави дека ќе ги прекине нападите врз Израел откако ќе заврши израелската офанзива во Појасот Газа, освен ако Израел не прекине да го гранатира Либан. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан