• понеделник, 23 декември 2024

Тенковите „Леопард 2“ ветени од Данска и Холандија ќе бидат во Украина до крајот на летото

Тенковите „Леопард 2“ ветени од Данска и Холандија ќе бидат во Украина до крајот на летото

Хаг, 25 јули 2024 (МИА) - Пред крајот на летото на Украина ќе и бидат доставени 14 обновени тенкови „Леопард 2“ од германско производство, кои и беа ветени од Данска и Холандија минатата година, изјави денеска холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс.

„На Киев итно му е потребна поголема воена поддршка, со оглед на тешките борби на бојното поле. Тие тенкови можат да играат важна улога во овозможувањето на украинската армија да се брани од руските сили“, рече Брекелманс.

Минатата година Данска и Холандија најавија купување на тие тенкови за 165 милиони евра, а во последните месеци тие се обновени и тестирани, соопшти холандската Влада.

„Вчера и денеска последните два 'Леопард 2' се подложени на верификациски тестови. Сите 14 тенкови ќе бидат испорачани истовремено пред крајот на летото“, изјави холандскиот министер.

Германија, Холандија и Данска лани и ветија на Украина „најмалку“ 100 тенкови од стариот модел „Леопард 1 А5“. паг/

Фото: МИА архива
 

 

 

 

Остани поврзан