• недела, 22 декември 2024

Повеќе од 600.000 примероци од мемоарите на Џеј Ди Венс продадени по неговиот избор за кандидат за потпретседател на Трамп

Повеќе од 600.000 примероци од мемоарите на Џеј Ди Венс продадени по неговиот избор за кандидат за потпретседател на Трамп

Вашингтон, 25 јули 2024 (МИА) - Изборот на Џеј Ди Венс за потпретседателски кандидат на Доналд Трамп доведе до нагло зголемување на продажбата на неговите мемоари „Провинциска елегија“, кои беа објавени во 2016 година. 

Портпаролот на издавачката куќа „Харпер Колинс“ изјави дека се продадени повеќе од 600.000 примероци од книгата - во хартија, аудио и електронски формати, откако Трамп го објави името на Венс на 15 јули.

„Печатиме стотици илјади примероци за да ја задоволиме побарувачката од нашите дистрибутери“, соопшти денеска издавачката куќа.

Книгата на Венс веќе заработи милиони пред Трамп да го избере за потпретседателски кандидат на Републиканската партија. паг/

 

Остани поврзан