Хипер за подршката на Трамп за самоопределување на Гренланд: ЕУ го поддржува територијалниот интегритет на Данска
- Европската Унија останува на претходно изнесената позиција за Гренланд и ќе продолжи да ги поддржува принципите на територијален интегритет и неповредливост на границите и на Повелбата на ОН, за зачувување на територијалната целовитост на Данска, изјави денеска портпаролката на Еврокомисијата комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.

Брисел, 10 март 2025 (МИА) - Европската Унија останува на претходно изнесената позиција за Гренланд и ќе продолжи да ги поддржува принципите на територијален интегритет и неповредливост на границите и на Повелбата на ОН, за зачувување на територијалната целовитост на Данска, изјави денеска портпаролката на Еврокомисијата комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.
- Суверенитетот и неповредливоста на (данските) граници е од суштинско значење за Европската унија и целосно го поддржуваме Кралството Данска, додаде Хипер.
Ваквата изјава на Хипер претставуваше одговор на новинарско прашање за ставот на ЕК за пораките на американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на парламентарните избори на Гренланд за поддршка „на право на самоопределување“ на оваа данска автономна територија и дали и нив Комисијата ги смета за мешање во изборниот процес, слично како што ги оценуваше изјавите на Русија пред претседателските избори и референдумот во Молдавија одржани минатата есен. сп/
Фото: МИА Архива