• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Макрон: Европските земји треба да купуваат „Рафал“ наместо Ф-35

Макрон: Европските земји треба да купуваат „Рафал“ наместо Ф-35

Париз, 16 март 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика земјите од Европската Унија да престанат да купуваат американско воено оружје и да се свртат кон европските производи, објави „Политико“.

Во интервју за француски медиуми, Макрон истакна дека сака да ги убеди европските партнери кои моментално купуваат американско вооружување да преминат на домашни производи.

- Оние што купуваат противвоздушни системи „Патриот“ треба да се пренасочат кон француско-италијанскиот SAMP/T. Оние што купуваат Ф-35 треба да добијат понуда за „Рафал“. Ова е начинот да ја зајакнеме европската одбранбена индустрија, изјави Макрон.

Изјавите на францускиот претседател доаѓаат во време кога европските земји стануваат сè позависни од американското оружје. Овој месец, Холандија и Белгија ја потврдија набавката на Ф-35, додека Португалија сè уште размислува за модернизација на својата флота.

Макрон побара од француските воени компании да ги намалат бирократските процедури и трошоците за да станат поконкурентни. Тој исто така потенцираше дека Франција е подготвена да испрати неколку илјади војници во Украина за воени обуки и поддршка на долг рок. ссм/

фото: архива

Остани поврзан