• недела, 21 јули 2024

Хеликоптери на МВР исфрлија над 68 тони вода врз пожари во реонот на Богомила и селата Габровник и Мокрени

Хеликоптери на МВР исфрлија над 68 тони вода врз пожари во реонот на Богомила и селата Габровник и Мокрени

Скопје, 20 јули 2024 (МИА) - Два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици денеска дејствувале на повеќе локации каде што имаше пожари во реонот на Богомила, селата Габровник и Мокрени.

- Хеликоптерот Бел 412 во 20 налети исфрли 30 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 во 14 налети исфрли 38 тони вода. На овој начин е спречено пожарот да се прошири кон селата, но сепак на повисоките места и во пределите со густа шума истиот не е локализиран и се уште е активен, соопштија од МВР. цр/хс/

Фото: МИА архива

видео: МВР

Остани поврзан