Харис најави нова помош за Украина од 1,5 милијарди долари
- Потпретседателката на САД, Камала Харис денеска најави нова помош за Украина во висина од 1,5 милијарди долари
Берн, 15 јуни 2024 (МИА) – Потпретседателката на САД, Камала Харис денеска најави нова помош за Украина во висина од 1,5 милијарди долари.
Харис, која е меѓу учесниците на дводневната мировна конференција во швајцарското одморалиште Бургеншток, истакна дека 500 милиони долари се наменети за енергетскиот сектор на Украина.
Помошта е наменета и за хуманитарни цели. ми/
фото: МИА архива