Харис во посета на Јужна Кореја
- Потпретседателката на САД, Камала Харис денеска пристигна во посета на Јужна Кореја, еден ден откако Северна Кореја тестираше балистичка ракета
![Харис во посета на Јужна Кореја](https://new.mia.mk/images/20221113232041_big_730x400_15.webp )
Сеул, 29 септември 2022 (МИА) – Потпретседателката на САД, Камала Харис денеска пристигна во посета на Јужна Кореја, еден ден откако Северна Кореја тестираше балистичка ракета.
На средбата помеѓу Харис и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол се разговараше за долгогодишниот безбедносен сојуз на двете земји, зајакнувањето на економската и технолошката соработка и голем број други регионални и глобални прашања.
Предвидено е Харис да ја посети демилитаризираната зона, што го дели Корејскиот Полуостров. ми/