• вторник, 02 јули 2024

„Фајненшл тајмс“ и „Економист“ со поддршка за Лабуристичка партија на изборите во Велика Британија

„Фајненшл тајмс“ и „Економист“ со поддршка за  Лабуристичка партија на изборите во Велика Британија

Лондон, 1 јули 2024 (МИА) – Британските весници „Фајненшл тајмс“ и „Економист“ објавија дека ја поддржуваат Лабуристичката партија на парламентарните избори што ќе се одржат на 4 јули.

Поддршка за лабуристите даде и весникот „Сандеј тајмс“.

Во уводникот објавен денеска во „Фајненшл тајмс“ наведува дека нема политички определби и дека верува во „либералната демократија, слободната трговија, приватните претпријатија и отвореноста на Велика Британија кон надворешниот свет“.

Ова често нè зближува со конзервативците, но оваа генерација ториевци ја уништи репутацијата на конзервативците како деловна партија. Лабуристичката партија на Кеир Стармер е подобро поставена да биде владејачката сила што и е потребна на земјата, истакнува „Фајненшл тајмс“.

Весникот посочува дека новата влада ќе мора да се справи со ефектите од финансиската криза, пандемијата и инфлацијата предизвикани од војната во Украина. Но, истовремено го критикува Брегзит и погрешните политики на краткотрајната влада на Лиз Трус.

И „Економист“ исто така ги повикува гласачите да гласаат за Лабуристичката партија предводена од Кир Стармер.

Економскиот консензус во Велика Британија се оддалечи од вредностите на слободната трговија, индивидуалниот избор и границите на владината интервенција, пишува неделникот.

Според „Економист“ Лабуристичката партија има „најдобри шанси да се справи со најголемиот проблем со кој се соочува Велика Британија: хроничен и осакатувачки недостаток на економски раст“.

Според „Сандеј тајмс“, конзервативците го „изгубиле правото да владеат“.

„На ред е лабуристите“, објави „Сандеј тајмс“. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан