• понеделник, 22 јули 2024

Хантер Бајден ја повлече тужбата против „Фокс њуз“

Хантер Бајден ја повлече тужбата против „Фокс њуз“

Вашингтон, 22 јули 2024 (МИА) – Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер ја повлече тужбата против „Фокс њуз“ (Fox News) поради објавувањето на неговите голи фотографии и видеа во емисија во која наводно се прикажува фиктивен судски процес против него поради неговите странски зделки.

Во документите не е наведена причина за повлекување на побарувањето.

Портпаролот на „Фокс њуз“ ги повтори претходните коментари на компанијата дека тужбата е „политички мотивирана“ и „неоснована“.

Но „Еј-би-си њуз“ (ABC news) објави дека Хантер Бајден се откажал од тужбата со намера да ја поднесе истата тужба против нови обвинети.

Засега нема коментар од адвокатите на Хантер Бајден и „Фокс њуз“, ниту од други претставници на медиумите.

Но „Еј-би-си њуз“ (ABC news) објави дека Хантер Бајден се откажал од тужбата со намера да ја поднесе истата тужба против нови обвинети.

„Фокс њуз“ емитуваше измислено „Судењето на Хантер Бајден“ во 2022 година на својата платформа за стриминг „Фокс нејшн“ (Fox nation), но ја повлече во април оваа година под закана за тужба. 

Повлекувањето на тужбата беше објавено неколку часа откако таткото на Хантер, Џо Бајден, се откажа од претседателската трка во 2024 година под притисок на колегите демократи. ми/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан