• сабота, 21 декември 2024

Медиуми: Шефовите за безбедност се согласни дека Израел може да ја напушти Газа доколку се постигне договор

Медиуми: Шефовите за безбедност се согласни дека Израел може да ја напушти Газа доколку се постигне договор

Тел Авив, 22 јули 2024 (МИА) – Шефовите на израелските безбедносни сили се согласиле дека армијата може целосно да се повлече од Појасот Газа во рок од шест недели, доколку се постигне примирје со Хамас и договор за заложниците, јавија израелските медиуми.

Министерот за одбрана Јоав Галант, началникот на Генералштабот на ИДФ Херзи Халеви, директорот на Мосад Давид Барнеа и шефот на Шин Бет Ронен Бар, наводно, му кажале на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека поддржуваат таков договор, тврдејќи дека релативно краткиот временски период нема да му дозволи на Хамас да се регрупира и повторно да се вооружи на значаен начин, пишува Тајмс оф Израел.

- Свесни сме за безбедносните последици, но ова е време да се даде приоритет на ослободувањето на заложниците, чие време е ограничено, му рекле безбедносните функционери на Нетанјаху. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан