• сабота, 21 декември 2024

Осум министри од ЕУ повикаа на ревизија на европската стратегија во Сирија

Осум министри од ЕУ повикаа на ревизија на европската стратегија во Сирија

Брисел, 22 јули 2024 (МИА) – Осум европски министри денеска поднесоа предлог до високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, за ревизија и испитување на постигнатите резултати, ефективноста на преземените дејствија и различни опции за промена на пристапот на ЕУ кон кризата во Сирија.

Министрите за надворешни работи на Италија, Австрија, Чешка, Хрватска, Кипар, Грција, Словачка и Словенија во предлог изразија став дека ЕУ треба да работи на ублажување на состојбите, создавање пристојни услови за живот и услови за безбедно и достоинствено доброволно враќање во согласност со стандардите на УНХЦР и проактивно да придонесува во потрагата по одржливо политичко решение за конфликтот.

Испитувањето на ситуацијата во Сирија мора да ги вклучи и различните размислувања на земјите-членки, Службата за надворешни работи и Европската комисија. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан