• среда, 21 август 2024

Хамас: Тврдењата на Бајден за нашето повлекување од преговорите се „залажувачки“

Хамас: Тврдењата на Бајден за нашето повлекување од преговорите се „залажувачки“

Газа, 20 август 2024 (МИА) – Хамас денеска ја демантира изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека палестинската група се повлекува од мировните преговори, истакнувајќи дека тоа е „залажувачки“ и не го одразува вистинскиот став на движењето.

Хамас тврдењата ба Бајден ги оцени како „американско зелено светло за ционистичката екстремистичка влада да изврши повеќе злосторства против беспомошни цивили“.

Во соопштението на Хамас, се наведува и дека новиот предлог за примирје даден од САД на разговорите во Доха минатата недела, е пресврт од претходните преговори, и групата ги обвини САД за „целосна пристрасност“ и „партнерство“ со Израел. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан