• понеделник, 23 декември 2024

Потпишан договор за грант за Косово од УСАИД во вредност од 34,5 милиони долари

Потпишан договор за грант за Косово од УСАИД во вредност од 34,5 милиони долари

Приштина, 20 август 2024 (МИА) – На пригодна церемонија во Приштина денеска беше потпишан договор за грант во вредност од 34,5 милиони долари за развојни објективи меѓу Косово и Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој, УСАИД, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти службата за информирање на косовското Претседателство, амандманот број 6 на договорот за грант за развојни објективи го потпишаа претседателката Вјоса Османи, во име на Република Косово, и Мери Елиен Девит, во име на УСАИД.

Во обраќање пред медиумите по церемонијата, Османи рече дека „секоја иницијатива и успех што во својот центар го има подобрувањето на животот на граѓаните на Косово и подобрувањето на нашите демократски и одговорни институции ги има и трагите на Соединетите Американски Држави“.

Таа информира дека вкупниот износ на договорите со УСАИД во овој грант изнесува 142,5 милиони долари.

-САД беа и остануваат посветен и непоколеблив партнер на народот на Косово во овој поглед. Покрај финансиската поддршка, американскиот народ низ годините покажа континуирано партнерство изградено на вредности, но пред се партнерство изградено на взаемна доверба, доверба во Косово кое го има својот народ во центарот на вниманието. Овие заеднички иницијативи се декларација за силата на нашата соработка и гаранција за светла иднина на нашата земја. Секогаш кога работиме заедно со САД, имаат корист нашите граѓани и нашата земја, рече Османи. иа/

Остани поврзан