Руските власти ги одложија локалните избори во седум општини од Курската област
- „Централната изборна комисија го поддржа предлогот на Изборната комисија на Курската област за одложување на изборите во седум општини“, се наведува во соопштението.
Курск, 21 август 2024 (МИА) - Локалните избори, што беа закажани за почетокот на септември, се одложени во седум општини од руската Курска област, која граничи со Украина и од 6 август е цел на невидена досега украинска офанзива, соопштија денеска изборните власти, цитирани од француските медиуми.
„Централната изборна комисија го поддржа предлогот на Изборната комисија на Курската област за одложување на изборите во седум општини“, се наведува во соопштението.
Според локалната ЦИК, подготовките за изборите ќе продолжат „штом ќе биде можно целосно да се гарантира безбедноста на гласачите“.сд/
фото:МИА архива