• вторник, 06 август 2024

Фудбалерите на Шпанија го повторија рекордот на Бразил по олимписки финалиња

Фудбалерите на Шпанија го повторија рекордот на Бразил по олимписки финалиња

Париз, 6 август 2024 (МИА) - Репрезентацијата на Шпанија вчеравечер го победи Мароко во полуфиналето на фудбалскиот турнир на Олимпијадата 2024 година со резултат 2:1. 

Шпанската репрезентација го повтори рекордот на Бразил за пласман во финалето на Олимписките игри - пет пати. 

„Фуријата“ играше во натпреварите за златен медал во Антверпен 1920, Барселона 1992, Сиднеј 2000, Токио 2020 и сега во Париз.

Финалето меѓу Франција и Шпанија ќе се одигра на 9 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан