• среда, 02 октомври 2024

Француските кошаркари ја совлада Канада за олимписко полуфинале

Француските кошаркари ја совлада Канада за олимписко полуфинале

 

Париз, 6 август 2024 (МИА) – Француските кошаркари ја изненадија Канада совладувајќи ја вечерва во четвртфиналето на Олимписките игри со 82-73 (23-10, 22-19, 16-21, 21-23) и со тоа изборија полуфиналето против светскиот шампион. Германија.

Прв француски стрелец беше Гершон Јабуселе со 22 поени, а додаде и пет скокови. Исаја Кординие додаде 20 поени, Еван Фурние 15, додека Виктор Вембањама реализираше седум поени, 10 скокови и пет асистенции.

Кај Канаѓаните само двајца играчи постигнаа двоцифрен број на поени. Шеј Гилџесс-Александер постигна 27 поени со пет скокови и четири асистенции, додека Ри Џеј Барет постигна 16 поени.

Од 7-5 на почетокот на натпреварот Франција брзо се одлепи на 19-5 и продолжи да ја зголемува предноста до почетокот на вториот дел.

Во продолжението Канаѓаните заиграа подобро, но единствено што успеаја да направат е серија од 5-0 на стартот од последната четвртина за да стигнат до 55-61. После тоа Франција уште еднаш поведе двоцифрено и со тоа го реши дуелот.

Во полуфиналето Франција ќе игра против Германија која ја совлада Грција со 76-63 (11-21, 25-15, 23-16, 17-11). ег ФОТО: Фејсбук

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан