• понеделник, 23 декември 2024

Францускиот фудбалски Суперкуп може да се одржи во главниот град на ДР Конго

Францускиот фудбалски Суперкуп може да се одржи во главниот град на ДР Конго

Париз, 18 ноември 2023 (МИА) - Претстојниот натпревар од Суперкупот на Франција во фудбал меѓу Пари Сен-Жермен и Тулуз може да се одигра во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго, пренесува „Le Parisien“.

Друга опција е стадионот во Тулуз. Тимот од Париз се залага за оваа опција за да се избегне подолгиот пат до Африка.

Владата на ДР Конго врши притисок врз француската професионална фудбалска лига да добие право да биде домаќин на овој натпревар.

Францускиот Суперкуп првично беше закажан за 5 август во Бангкок, но беше одложен за почетокот на јануари. зс/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан