• недела, 22 декември 2024

Француската триатлонка Богран го освои златото на Олимписките игри

Француската триатлонка Богран го освои златото на Олимписките игри

Париз, 31 јули 2024 (МИА) – Французинката Касандра Богран претпладнево победи на натпреварот во триатлон на Олимпијадата 2024 година во Париз.

Олимпискиот триатлон се состои од три етапи: 1,5 км пливање, 40 км велосипед и 10 км трчање. Богран победи со време од 1 час 54 минути и 55 секунди.

Среброто го освои Џули Дерон (Швајцарија), а Бет Потер (Велика Британија) стигна до бронзата.

Триатлонот за мажи, кој е одложен од 30 јули, треба да започне во 10:45 часот. 

Да потсетиме, одржувањето на пливањето беше доведено во прашање поради лошиот квалитет на водата во Сена. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан