Компани: Секоја победа на „Сантијаго Бернабеу“ е добар резултат
- Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот триумф со 2:1 над Реал Мадрид во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Мадрид, 8 април 2026 (МИА) – Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот триумф со 2:1 над Реал Мадрид во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
-Среќни сме. Секоја победа на „Сантијаго Бернабеу“ е добар резултат. Можеме да градиме врз ова следниот натпревар на домашен терен. Реал Мадрид беше неверојатно опасен во некои делови, иако игравме исто толку остро. Сега нашата цел е да се вратиме и да победиме дома.
Баерн секогаш има најголема почит кон Реал Мадрид. Совршено разбираме каков клуб и тим се тие, но исто така разбираме кои сме ние и што значи за нашите играчи да излезат таму и да победат. Кога играме против најдобриот тим на турнирот, тогаш за нас е предизвик повторно да излеземе таму и да победиме, изјави Компани на официјалната веб-страница на УЕФА.
Реваншот ќе се одржи на 15 април, на „Алијанц Арена“ во Минхен. зс/
Фото: ЕПА