• четврток, 09 април 2026

Почина кошаркарскиот тренер Душко Вујошевиќ

Почина кошаркарскиот тренер Душко Вујошевиќ

Белград, 8 април 2026 (МИА) - На 67-годишна возраст денес во Белград почина кошаркарски тренер, Душко Вујошевиќ.

Вујошевиќ имаше здравствени проблеми, минатата година беше подложен на трансплантација на бубрег во Белорусија.

Пред еден месец му се влоши здравствената состојба и беше хоспитализиран во Белград.

Во тренерската кариера Вујошевиќ се истакна предводејќи го Партизан, со кого освои многу трофеи.

Работеше и како тренер на ОКК Белград, Младост Земун, Оксимеша, Црвена звезда, Бреша, Пистоја, Пезаро, Раднички Белград, ЦСКА Москва, Лимож и Клуж.

Селектор беше на репрезентациите на Србија, Црна Гора и на  Босна и Херцеговина. зс/

Фото:  ЕПА

Остани поврзан