Олисе го сруши рекордот на Рибери за асистенции во ЛШ
- Напаѓачот на Баерн Минхен, Мишел Олисе, имаше една асистенција во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Мадрид, 8 април 2026 (МИА) - Напаѓачот на Баерн Минхен, Мишел Олисе, имаше една асистенција во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Баварците победија со 2:1, Олисе асистираше при вториот гол кој го постигна Кејн во 46.минута.
Олисе стана првиот француски играч во 21 век кој има 25 асистенции во една сезона во сите натпреварувања во првите пет лиги. Дваесет и четиригодишниот фудбалер го сруши рекордот на Франк Рибери од 24 асистенции во сезоната 2011/12.
Реваншот ќе се одржи на 15 април, на „Алијанц Арена“ во Минхен. зс/
Фото: ЕПА