• понеделник, 23 декември 2024

Флоренци осомничен за нелегално обложување

Флоренци осомничен за нелегално обложување

Торино, 16 ноември 2023 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Милан, Алесандро Флоренци е под истрага на обвинителството во Торино поради нелегално обложување.

Тамошните медиуми објавија дека играчот бил вклучен во регистарот на осомничени за злоупотреба на игри и обложувалници.

Во истиот случај под истрага се и неговиот поранешен соиграч од Рома, Николо Заниоло, Садро Тонали, поранешниот капитен на Милан како и Николо Фаџоли.

Флоренци се очекува да отпатува во Торино во следните неколку дена за да одговори на прашањата на обвинителите. Во моментов ниту играчот ниту Милан не го коментираат обвинението. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан