• сабота, 29 јуни 2024

Флик ќе ја предводи репрезентацијата на Германија по Европското првенство

Флик ќе ја предводи репрезентацијата на Германија по Европското првенство
Берлин, 25 мај 2021 (МИА) – Фудбалската репрезентацијата на Германија по Евро 2020 ќе има нов селектор. Тоа ќе биде Ханс-Дитер Флик, кој беше на чело на Баерн Минхен минатата сезона. Флик потпиша договор со Германската фудбалска асоцијација (ДФБ) до 2024 година. „Панцерите“ во квалификациите за Светското првенство се во група со македонската репрезентација од која загубија на домашен терен со 1:2. зс/  

Остани поврзан