• петок, 05 јули 2024

Флик на средба со спортскиот директор на Барселона во Лондон

Флик на средба со спортскиот директор на Барселона во Лондон

Барселона, 22 мај 2024 (МИА) - Ханзи Флик и неговиот агент Пини Захави денеска ќе се сретнат со спортскиот директор на Барселона Деко и Бојан Киркиќ кој е дел од тимот на Португалецот.

Според информациите во Шпанија, официјалните претставници на Каталонците утрово полетале за англиската престолнина. „ЕСПН“ и „Спорт“ подоцна информираа дека причината за нивното патување била токму средбата со Флик и неговиот агент.

Оваа информација дополнително ги засилува гласините дека Барселона најверојатно ќе се раздели со Чави Ернандез, иако пред само неколку недели двете страни се договорија легендарниот поранешен играч за врска да остане и следната сезона.

Сепак, претседателот на „блаугранас“, Жоан Лапорта, потоа се налути поради прес-конференција на Чави во која зборуваше за нови засилувања и според каталонските медиуми, тренерот ќе добие отказ поради таа причина. дс

Фото: Архива

Остани поврзан