• петок, 28 јуни 2024

Флик: Бевме многу пасивни, Белгија нѐ надигра

Флик: Бевме многу пасивни, Белгија нѐ надигра

Келн, 29 март 2023 (МИА) – Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Ханс Дитер Флик призна дека неговите избраници беа надиграни во синоќешниот пораз од Белгија со 3:2.

 

- Игравме премногу претпазливо, пасивно и не можевме да извршиме притисок врз противникот. Белгија не надигра безмилосно. Преку страст се вративме во игра, но..... Голема благодарност до навивачите. Тие видоа дека тимот се обиде да дојде до поволен резултат , изјави Флик.

 

Пријателскиот натпревар се одигра во Келн. Головите за Германија ги постигнаа фулкруг во 44 и Гнабри во 87. Минута. За гостите погодија Караско во 6., Лукакуво 9. и Де Брујне во78. минута.

 

Германија ќе биде домаќин на следното Европско првенство во 2024 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан