• четврток, 25 април 2024

Финален фудбалски турнир во младински категории во Делчево

Финален фудбалски турнир во младински категории во Делчево

Делчево, 24 мај 2023 (МИА) - Во Делчево денес се одигра финалниот фудбалски турнир во младинските категории на кои настапија најдобрите четири екипи од генерацијата 2012. Натпреварите се одиграа на Градскиот стадион, а на истиот освен домашната екипа од Делчево учествуваа и  екипи од Кочани, Виница и Чешиново-Облешево.

 

- Ова се натпревари кои се играат на терен со димензии пропишани од Фудбалската федерација на Македонија. За учесниците имаме обезбедено награди и пехари, а прво и второпласираните екипи обезбедуваат пласман на завршните натпревари во Скопје, истакна Ангелчо Гошев, координатор на Детска Лига - Источен Регион.

Во Детските лиги во моментот  во Источниот регион како што додаде под капата на ФФМ се натпреваруваат 10 екипи. 

 

- Денска исто така се играат финалните натпревари и во генерациите 2014 и 2010 година кои се играат во Горни Подлог. За догодина имаме најава за учество на уште две екипи. Наша цел е да ги привлечеме децата да спортуваат и да се едуцираат, додаде Гошев.

 

Првото место на денешниот турнир им припадна на младите фудбалери од ФК ,,Фудбал Старс" од Кочани кои во финалето беа подобри од домашната екипа на ФК ,,Брегалница", откако претходно и двете екипи беа подобри од младите фудбалери на Слога 1934 и Академија Чешиново-Облешево. вс/зс/

 

Фото: МИА

Остани поврзан