• сабота, 18 мај 2024

Филипините сакаат да го продолжат дијалогот со Кина за деескалација на тензиите во Јужното Кинеско Море

Филипините сакаат да го продолжат дијалогот со Кина за деескалација на тензиите во Јужното Кинеско Море

Манила, 8 април 2024 (МИА) - Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор ја повика Кина на разговори за да се спречат идни судири меѓу бродовите и употреба на водени топови во Јужното Кинеско Море.

„Филипинските официјални лица продолжуваат да се среќаваат со кинески високи претставници, обидувајќи да разговараат со кинеското раководство за да се избегне ескалација на тензиите во водата“, рече Маркос Џуниор.

Одбраната и вооружените сили на САД, Јапонија, Австралија и Филипините вчера извршија поморски вежби во филипинската ексклузивна економска зона во Јужното Кинеско Море.

Филипинскиот претседател рече дека се надева оти маневрите ќе помогнат да се деескалираат тензиите со Кина во спорните води.

Подоцна оваа недела, лидерите на Јапонија, Соединетите Американски Држави и Филипините ќе учествуваат на самит во Вашингтон на кој ќе разговараат за прашања како што се неодамнешните судири во Јужното Кинеско Море. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан