• петок, 02 август 2024

Фидан: Само американските и западните санкции можат да го принудат Израел да го прекине огнот во Газа

Фидан: Само американските и западните санкции можат да го принудат Израел да го прекине огнот во Газа

Анкара, 1 август 2024 (МИА) - Само американските и западните санкции против Израел можат да го принудат да го прекине огнот во Појасот Газа. Ова го изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан за провладиниот турски весник „Сабах“.

По прашањето за прекинот на огнот во Газа, Израел нема да направи ниту еден чекор без да плати соодветна цена. САД и Западот се тие кои можат да го принудат да го направи тоа. Треба да има санкции, ограничувања, обвиненија, рече Фидан.

Според неговите зборови, бидејќи силите кои го контролираат светскиот систем не воведуваат санкции, „Израел стигнува до таму до каде што може“.

Според Фидан, последните случувања на Блискиот Исток, особено атентатот во Иран на шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханија, ја оддалечуваат можноста за прекин на огнот во Газа.

Шефот на турската дипломатија уште еднаш ја поддржа опцијата за решение на палестинскиот проблем врз основа на две држави. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан