• сабота, 27 април 2024

Ферстапен супериорно триумфираше на Големата награда на Монако

Ферстапен супериорно триумфираше на Големата награда на Монако

Монако, 28 мај 2023 (МИА) - Актуелниот светски првак Макс Ферстапен во доминантен стил триумфираше на денешната трка во Формула 1 која по дождливо време се возеше низ  улиците во Монако. 

Ферстапен ја стартуваше трката за Големата награда на Монако од пол позицијата и постојано беше во водство, минувајќи прв низ целта пред Фернандо Алонсо од Астон Мартин. 

На подиумот како третопласиран се искачи и возачот на Алпин, Естебан Окон. 

Во генералниот пласман води Ферстапен со 144 бодови пред Серхио Перез (105) и Алонсо (93).

Следната трка во календарот на Ф1 е за Големата награда на Барселона. ег/ссм/

ФОТО:Фејсбук

Остани поврзан