• понеделник, 23 декември 2024

Хенес потврди за Рангник: За една недела ќе донесеме одлука

Хенес потврди за Рангник: За една недела ќе донесеме одлука

Минхен, 26 април 2024 (МИА) - Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хонес призна дека се водат преговори со Ралф Рангник за негово евентуално назначување за тренер на тимот. Во моментов тој е селектор на австриската репрезентација и се подготвува за настап на ЕП 2024 година.

-Мислам дека во рок од една недела ќе донесеме одлука, изјави Хенес во интервју за „Франкфуртер алгемајне“.

Тој е дел од Управниот одбор на Баварците, прецизирајќи дека збор имаат и останатите директори таму.

-Разговараме за прашањето и ако на пример некој од другите кои треба да одлучат не може да го толерира дадениот кандидат за тренер, тогаш нема да го земеме. Не одлучувам само јас, тоа е и право на претседателот Херберт Хајнер и другите луѓе, додаде Хенес. дс

Фото: Архива

Остани поврзан