• недела, 22 декември 2024

Њуи го напушта Ред Бул?

Њуи го напушта Ред Бул?

Милтон Кинс, 26 април 2024 (МИА) - Еден од најзаслужните за успехот на Ред Бул во Формула 1 шампионатот, главниот инженер на австрискиот тим, Адријан Њуи, ќе започне разговори со тимот откако изрази желба да го напушти.

Како што дознава „Гардијан“, Њуи се уште официјално не поднел оставка, но ќе го стори тоа наскоро.

Овој 65-годишник има актуелен договор кој е со важност до крајот на 2025 година, а за тоа досега не се огласил.

Њуи е најуспешниот дизајнер на автомобили во модерната Формула 1 и е член на Ред Бул од неговото основање во 2006 година. Причините за разделбата се наводно незадоволство од улогата што ја има во тимот и несогласување со тимскиот шеф Кристијан Хорнер.

Покрај загубата што би ја претставувало заминувањето на Њуи, тоа исто така потенцијално би го довело во прашање статусот на трикратниот последователен светски шампион Макс Верстапен, кој е бескомпромисно лојален на Њуи и советникот Хелмут Марко.

Њуи учествуваше во освојувањето на седум титули за возачи и шест конструктори за Ред Бул.

Во генералниот поредок сега води Верстапен со 110 бодови, а зад него е тимскиот колега Перез со 85. дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан