• вторник, 02 јули 2024

Фернандеш со порака до навивачите на Јунајтед по поразот од Астон Вила

Фернандеш со порака до навивачите на Јунајтед по поразот од Астон Вила
Манчестер, 26 септември 2021 (МИА) - Играчот за врска на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, по поразот на тимот во натпреварот со Астон Вила (0:1), им се обрати на фановите на клубот преку својот Инстаграм. Фудбалерот на оваа средба промаши пенал и пропушти шанса да го спаси својот тим од пораз. - Никој не е поразочаран од мене поради нереализираниот пенал и пораз. Секогаш преземам одговорност и никогаш не бегам од притисок. Направив чекор и го презедов предизвикот со иста амбиција и одговорност како и во многу други прилики топката да ја сместам во мрежата. Ви благодарам на сите за поддршката по последниот судиски свиреж. Ќе се вратам посилен, напиша фудбалерот. По шест кола, премиерлигашот Манчестер јунајтед со 13 бода го зазема 4. место на табелата во Премиер лигата. зс/

Остани поврзан