• петок, 22 ноември 2024

Фенербахче го „позлатува“ Мурињо

Фенербахче го „позлатува“ Мурињо

Истанбул, 5 јуни 2024 (МИА) - Португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе добива годишна плата од 10,5 милиони евра на чело на турскиот гигант Фенербахче.

Информации за бонусите на основната плата на стручњакот не се објавени.

Целта за Португалецот е освојување на турската лига. Фудбалерите на Фенербахче една деценија не триумфирале во локалниот шампионат и сега управата на клубот бара промена.

Мурињо за прв пат по 20 години ќе предводи тим кој не е дел од топ 5 европските првенства.

Во својата долга тренерска кариера, Жозе Мурињо беше на чело на некои од најголемите клубови на Стариот континент, вклучувајќи ги Бенфика, Порто, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Челси, Тотенхем и Рома. дс

Фото: Архива

Остани поврзан