Училиштата од Белград мора да платат најмалку 7,4 милиони динари поради проневера
- Основните училишта од Белград мора да платат најмалку 7,4 милиони динари поради разни малверзации, се вели во последната анализа на Центарот за истражувачко новинарство на Србија (ЦИНС).
Белград, 16 септември 2020 (МИА) – Основните училишта од Белград мора да платат најмалку 7,4 милиони динари поради разни малверзации, се вели во последната анализа на Центарот за истражувачко новинарство на Србија (ЦИНС).
Според ЦИНС, белградската буџетска инспекција од 2017 година до денеска контролирала девет основни училишта и во секое од нив открила сериозни проблеми.
- Поради разни малверзации, училиштата треба да платат најмалку 7,4 милиони динари, а незаконски потрошиле многу повеќе, покажува истражувањето на ЦИНС.
Во текстот се додава дека директорите и сметководителите прекршочно се казнети, додека некои директори со години избегнуваат суд. јт/