• понеделник, 25 ноември 2024

Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди

Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) – Уставниот суд на Република Македонија го укина Параграф 4 алинеја 1 од Правилото за сместување и ред во Армијата, донесено од началникот на Генералштабот. Судот утврдил дека ова правило не е во согласност со уставните вредности и правата на граѓаните, и дека началникот ги пречекорил своите овластувања. Според Судот, условите за вршење верски обреди во вооружените сили треба да се регулираат со закон, а не со подзаконски акт.

Како што соопштуваат од Уставен, Судот го укинал Параграф 4 алинеја 1 од Правилото за сместување и ред во Армијата на Република Македонија, заведено под бр. 02-295/1 од 16.07.2012 година донесено од началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

- По спроведената постапка и анализа, Судот утврди дека оспореното Правило не е во согласност со темелните вредности на уставниот поредок утврдени во член 8 став 1 алинеи 1, 3 и 11 од Уставот, односно на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, владеењето на правото, како и на членовите 3,8 и 20 од Законот за правна положба на црквата, верска заедница и религиозна група, стои во соопштението од Уставен. 

Оттаму дополнуваат дека Судот смета дека со донесувањето на оваа одредба началникот на Генералштабот на АРМ ги пречекорил своите законски овластувања и се ставил во улога на Законодавец, бидејќи таква содржина не може да биде уредена со подзаконски акт. 

- Уредувањето на условите под кои може да се оствари правото на слободно вршење на верски обреди во рамки на вооружените сили претставува исклучиво „materia legis”, oдносно законска материја и во никој случај не може да се регулира со Правило, дополнуваат од Уставен. ар/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан