• сабота, 16 ноември 2024

УНИФИЛ: Армијата на Либан е клучна за решавање на судирот помеѓу израелската армија и Хезболах

УНИФИЛ: Армијата на Либан е клучна за решавање на судирот помеѓу израелската армија и Хезболах

Бејрут, 15 ноември 2024 (МИА) – Шефот на мировните сили на Обединетите нации Жан-Пјер Лакроа изјави дека прераспоредувањето на либанската армија во јужен Либан е од суштинско значење за какво било трајно решение за судирот по меѓу израелската армија и Хезболах.

- Прераспоредувањето на либанските вооружени сили е апсолутно централно за секое трајно решение. Ние тргнуваме од принципот … дека враќањето на имплементацијата на мировниот договор … ќе се заснова на спроведувањето на резолуцијата 1701 на ОН, која стави крај на претходната војна меѓу Израел и Хезболах во 2006 година, наведе Лакроа на крајот од вчерашната тридневна посета на Либан.

Резолуцијата предвидува дека само либанската армија и мировници треба да бидат распоредени на јужната граница на Либан, која граничи со северен Израел, за да дејствуваат како тампон помеѓу борците на Хезболах и израелските сили.

Мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ) ќе може да одигра значајна улога само ако сите земји „целосно ја почитуваат резолуцијата, посочи Лакроа. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан