• четврток, 15 август 2024

Умерен земјотрес регистриран во североисточниот дел на Тајван

Умерен земјотрес регистриран во североисточниот дел на Тајван

Тајпеј, 15 август 2024 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во североисточната тајванска провинција Илан.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Земјотресите на Тајван се честа појава бидејќи островот се наоѓа во близина на пресекот на две тектонски плочи. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан