• сабота, 17 август 2024

Франција го пофали Либан за воздржаноста во кризата на Блискиот Исток

Франција го пофали Либан за воздржаноста во кризата на Блискиот Исток

Бејрут, 15 август 2024 (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне денеска изрази надеж дека Либан ќе продолжи да се воздржува од ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток, откако Израел уби висок претставник на Хезболах во Бејрут минатиот месец.

За време на средба со привремениот либански премиер, Наџиб Микати, Сежурне го пофали Либан за „сдpжаноста во овој тежок период“ за регионот, соопшти либанската државна агенција ННА.

- Можеме само да молчиме, да бидеме трпеливи и да се молиме во овој тежок период, одговорил Микати по средбата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан