• четврток, 21 ноември 2024

Русија формираше координативен совет за воена безбедност во пограничните области

Русија формираше координативен совет за воена безбедност во пограничните области

Москва, 15 август 2024 (МИА) - Руското Министерство за одбрана формираше координативен совет за безбедност во пограничните области, предводен од министерот за одбрана, Андреј Белоусов, пренесе ТАСС.

„Со моја наредба, во Министерството за одбрана на Руската Федерација формиран е координативен совет за воена безбедност на пограничните области – Белгородска, Брјанска и Курска област. Целта е да се зголеми ефикасноста на поддршката на воените единици кои ги бранат државната граница, територијата и населението на овие региони“, изјави Белоусов.

Тој нагласи дека очекува точни и брзи извештаи од пограничните територии. Во составот на координативниот совет влегуваат заменик-министри за одбрана, претставници на Генералштабот, како и раководителите на Белгородска, Брјанска и Курска област. Советот ќе се состанува најмалку еднаш неделно.

Во меѓувреме, министерството соопшти дека Генералштабот и командата на Воената група „Север“ го задржуваат оперативното управување со војниците во граничната зона, а формираниот координативен совет не ги заменува. ссм/

фото: Гугл мапс

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан