• сабота, 16 ноември 2024

Украински командир на специјалните сили уапсен за шпионажа во корист на Русија

Украински командир на специјалните сили уапсен за шпионажа во корист на Русија

Киев, 15 ноември 2024 (МИА) - Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека уапсила командир на специјалните сили обвинет за предавање информации на руското воено разузнавање.

Осомничениот, со воен чин подполковник, имал пристап до тајни операции во заднината на непријателот, кои рускиот ГРУ планирал да ги искористи за елиминација на украински специјалци.

СБУ истакна дека командирот бил регрутиран од Русија пред инвазијата во 2022 година, а активиран годинава. Нему му се заканува доживотен затвор за велепредавство. ссм/

Остани поврзан