• понеделник, 23 декември 2024

Украинските бегалци може да станат евтина работна сила во ЕУ

Украинските бегалци може да станат евтина работна сила во ЕУ
19 март 2022 Хина Политичари во Брисел тврдат дека во Европската унија ќе бидат вработени бегалци од Украина, додека политиколози наведуваат дека стотици илјади од нив, ќе станат евтина работна сила. - Сакаме да ги интегрираме овие бегалци во пазарот на трудот. Затоа, ги охрабруваме членките на ЕУ да ги вработуваат, особено во земјите, каде тие луѓе пристигнуваат, изјави еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит. Тој додаде дека „тие навистина сакаат да работат, ова го слушам од самите нив, па, мораме да им ја овозможиме интеграцијата“. Шмит ова го кажа на прес конференцијата за време на 8. Форум за кохезија во Брисел. Во Хрватска досега влегле 7.300 бегалци од Украина. - Работиме со државните заводи за вработување, со цел да ја поддржиме нивната интеграција, особено во подрачја каде недостасува работна сила, појасни Шмит. Во соседната Полска пак, пристигнале 1.7 милиони бегалци, но, околу 70 отсто од нив, го продолжуваат патувањето кон други земји од ЕУ. Шпанскиот претприемач Висенте Хименез  Ифегран, чиј десетгодишен син е роден во Украина, на почетокот на месецот, со автомобил од Малага преминал 3.200 километри до Краков, за да ги доведе украинските пријатели во Шпанија. Потоа изнајмил автобус со 47 места, за да им помогне и на други бегалци кои биле во неволја. Многумина имаат дипломи, но, ги оставиле кога ја напуштале Украина - Не можеме да седиме, неправејќи ништо, изјави тој за шпанските медиуми. Но, што ќе работат сите тие луѓе кога ќе пристигнат во Шпанија, од кои најголем дел жени и деца, засега не се знае. - Главно станува збор за жени, а, така веројатно и ќе остане. Тие ќе треба да стекнат вештини, преквалификација доколку е потребно. Тоа е иницијатива на која почнавме да работиме со државите членки, истакна Шмит. Сите земји се изјасниле дека е потребно да се интегрираат тие лица. - Мораме да ги евалуираме нивните вештини, многумина се високо квалификувани и имаат дипломи, некои ги немаат земено со себе, бидејќи ја напуштиле земјата во драматични околности, појасни тој. Шпанското Министерство за внатрешни работи пред недела дена, по кратка постапка, им дозволи на украинските бегалци вработување, иако Украина не е членка на ЕУ. - Единствено што можеме, е, да бараме помош, бидејќи Путин нема да застане, тврди украинската бегалка Марија во Позуело де Аларкон, предградие на Мадрид. „На Европа ѝ недостасува работна сила, а сега ќе добие евтина“ Сè уште се дискутира околку евентуално финансирање на дополнително образование на бегалците. Анѓелко Милардовиќ, научен советник во Институтот за миграции и етнички студии во Загреб, смета дека „Европа ќе профитира од бегалците“. - Европа демографски старее, исчезнува. Недостасува работна сила, а сега ќе добие евтина, подвлече Милардовиќ во телефонска изјава за Хина. „На прв поглед се чини неетично ова што го зборувам, бидејќи луѓето таму патат, но, кажувам за реалната ситуација“, додаде тој и тврди дека во Хрватска, веќе се разговара како треба да се интегрираат овие лица.   И додека бројни земји од ЕУ, вклучително и Хрватска, се противат на доаѓање илегални имигранти од, уништени од војната, Сирија и Авганистан, кон Украинците односот е поинаков. Во Полска во 2021 година биле одобрени пет милиони работни дозволи за странци, 325 илјади од нив, за Украинци. - Некои од бегалците сега би можеле да станат евтина работна сила низ ЕУ, изјави Јацек Биениаскиевич, новинар за Радио Лублина. Според зборовите на Шмит, околу вработување украински бегалци ќе се разговара со „социјални партнери и компании“. бд/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан