• понеделник, 13 мај 2024

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Киев, 5 мај 2024 (МИА) - Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина.

Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили.

Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а беспилотните летала биле соборени над регионите Харков, Херсон и Дњепропетровск, забележува Укринформ. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан