• сабота, 16 ноември 2024

Украина: Се бориме за целосно ослободување на окупираните територии

Украина: Се бориме за целосно ослободување на окупираните територии

Осло, 15 ноември 2024 (МИА) - Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави дека Украина нема да се откаже од борбата за враќање на сите територии окупирани од Русија во изминатата деценија.

„Територијалниот интегритет е дел од нашите вредности“, истакна тој на прес-конференција со норвешкиот министер за одбрана во Осло.

Умеров нагласи дека сите жители на окупираните територии го чекаат ослободувањето и ги отфрли тврдењата за промена на приоритетите на Украина како дел од руската пропаганда. ссм/

фото: архива

Остани поврзан