• среда, 02 октомври 2024

Украина објави дека Русија изминатата ноќ нападнала со 73 дронови и три ракети

Украина објави дека Русија изминатата ноќ нападнала со 73 дронови и три ракети

Киев, 30 септември 2024 (МИА) - Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле 67 од 73 беспилотни летала и една од трите ракети со кои Русија синоќа нападна украинска територија.

-Рускиот напад врз Киев синоќа траеше над пет часа, соопштија властите во главниот град на Украина. Информациите се од објава на апликацијата „Телеграм“ на началникот на Киевската регионална воена управа, Сергиј Попко.

Засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета.

-Четврти воздушен напад врз Киев! Како и во претходните напади, непријателот повторно употреби дронови, најверојатно „Шахед“. Тие го нападнаа Киев во бранови, од различни правци, напиша Попко. мс/

фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан