• понеделник, 01 јули 2024

УЕФА жрепката за третото квалификациско коло во Лигата на Конференции ќе се одржи утре

УЕФА жрепката за третото квалификациско коло во Лигата на Конференции ќе се одржи утре
Нион, 17 јули 2022 (МИА) - Со почеток во 14 часот, утре во Европската куќа на фудбалот во Нион ќе се одржи ждрепката за 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции. Победниците на третото квалификациско коло се пласираат во плеј-оф рундата, додека, поразените тимови од шампионската патека одат во плеј-оф рундата на УЕФА Европа Лига. Мечевите од 3. квалификациско коло се предвидени да се играат на 4 и 11 август. Нашата држава има два преставника кои ќе мора прво да ја поминат втората рунда во која Шкендија се соочува со Валмеира а Македонија Ѓорче Петров со ЦСКА Софија. Доколку Шкендија ја победи Валмеира од Летонија, тогаш за третата рунда би играла со победникот од дуелите помеѓу Спартак Трнава (Словачка) – Њутаун (Велс), Брајдаблик (Исланд) – Будуќност (Ц.Гора), Мадервил (Шкотска) – Слиго Риверс (Ирска), АИК (Шведска) – Ворскла (Украина). Ако, пак, Македонија ЃП биде подобра од ЦСКА Софија, тогаш може да се соочи со Лугано (Швајцарија) или победниците од мечевите Каират(Казахстан) – Кишварда (Унгарија), Арис Лимасол (Кипар) – Нефчи Баку (Азербејџан), Вележ (БиХ) – Хамрун Спартанс (Малта), Расинг Унион Луксембург (Луксембург)- Чукарички (Србија). ар/бк/

Остани поврзан